Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Corinthians 1

:
Macedonian - 2006
1 Павле, апостол на Исус Христос, по волја Божја, и братот Тимотеј, до црквата Божја во Коринт заедно со сите светии по цела Ахаја.
2 Благодат и мир од Бог Отецот наш, и Господ Исус Христос!
3 Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха.
4 Тој нѐ утешува при секоја наша не­волја, та и ние да можеме да ги уте­ши­ме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас са­ми­те!
5 Зашто, како што изобилуваат Хрис­товите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христос.
6 Ако сме во неволја, тоа е за ваша утеха и спасение; ако сме утешени, тоа е за ваша утеха и спасение. Тие станува­ат делотворни само кога ги претрпувате истите страдања што ги трпиме и ние;
7 а и надежта наша за вас е цврста, знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учес­ници и во утехата.
8 Браќа, не сакаме да ја затаиме не­волјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме.
9 Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во се­бе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.
10 Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува;
11 па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени по­ради вас.
12 Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас.
13 Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се надеваме дека и до крај ќе го разберете,
14 како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос.
15 И со таа увереност се готвев да дојдам кај вас порано, та повторно да при­мите благодат,
16 и преку вас да заминам за Ма­ке­до­нија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја.
17 Но, сметајќи го ова, можеби лес­но­мислено постапив? Или, пак, што се на­канував, по телото ли се наканував, та моето „Да“ да биде и „Не?“
18 Но Бог е сведок дека нашиот збор до вас не беше „Да“ и „Не.“
19 Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас јас и Силван и Тимотеј, не беше „Да“ и „Не“, туку во Него беше „Да“,
20 бидејќи сите ветувања Божји во Не­го се „Да“, и во Него „Амин“, за слава Божја преку нас.
21 Бог е Оној Кој нѐ утврди со вас во Христос и нѐ помаза;
22 Тој и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши.
23 А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега;
24 но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме соработници на ваша­та радост, бидејќи во верата вие сте цврсти.